Драги сограѓани, општина Радовиш продолжува организирано да се грижи за намалувањето на бројот на кучињата скитници. Во соработка со Ветеринарната станица Неготино, денес беше извршено организирано заловување, по што најпрво ќе следува идентификација на микрочипови а потоа вакцинација против беснило, антипаразитски третман како и тест за социјализација.
Би сакале да упатиме апел до здруженијата за заштита на животните и до сите граѓани сопственици на домашните миленичиња, за поголема вклученост во целиот процес. Потребна ни е соработка во делот на навремено пријавување на овие кучиња како и да се стави акцент на неконтролираното размножување.
Се надеваме дека заеднички ќе го надминеме овој секојдневен проблем.