Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето за одобрување Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички проект за дел од УБ 21 – КО Радовиш, со површина на проектен опфат 3,017 ха во Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички проект за дел од УБ 21 – КО Радовиш, со површина на проектен опфат 3,017 ха во Општина Радовиш.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање за одобрување Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички проект за дел од УБ 21 – КО Радовиш, со површина на проектен опфат 3,017 ха во Општина Радовиш.
Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот со Решение бр.09-232/1 од 01.02.2022год. го разгледа барањето за одобрување на Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички проект за дел од УБ 21 – КО Радовиш, со површина на проектен опфат 3,017 ха во Општина Радовиш.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам констатира дека постапката може да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички проект за дел од УБ 21 – КО Радовиш, Општина Радовиш, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички проект за дел од УБ 21 – КО Радовиш, Општина радовиш со тех.бр.0701-10/1 од Март 2023год. изработен од ДГПИ МАНСАРД Коце ДООЕЛ Гевгелија.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областуредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов