Советот на општина Радовиш денес ја работеше 29 итна седница.
Образложението за итноста на оваа седница на почетокот го објасни Претседателката на Советот Моника Трајанова, по што се продолжи со Дневниот ред кој беше за оваа седница.
На седницата Советниците имаа можност да донесат одлука за давање согласност на Програма за изведување на еднодневни и тридневни екскурзии за учебната 2022/2023 година за учениците при ООУ „Кирил и Методиј“ од Ораовица.