Врз основа на член 22 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 43 од Статутот на општина Радовиш (“Службен гласник на општина Радовиш” бр. 5/02), Градоначалникот на општина Радовиш објавува,
ЈАВЕН ПОВИК
за доставување на предлог-програми за реализација на
традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА
I.Согласно донесената Годишна програма за активности од областа на културата бр. 08-1918/2 од 20.12.2023 год., и предвидените финансиски средства во Буџетот на општина Радовиш за 2023 год., Градоначалникот на општина Радовиш го распишува овој јавен повик за доставување на предлог-програми со комплетна финанскиска конструкција за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2023 во Радовиш.
- Предлог-програмите треба да ги содржат следните податоци: период и локација на оддржување, предлог музичко-сценска програма, начин на организација на гастрономскиот дел со угостителски објекти, маркетинг-план, финансиска конструкција и сл.)
III. Заинтересираните правни лица (непрофитни организации, здруженија на граѓани) предлог-програмите треба да ги достават до општина Радовиш, преку пошта на адреса: бул. Александар Македонски бр.7, Радовиш, или во архивата на општина Радовиш, со назнака за Јавен повик за предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА.
Покрај предлог-програмата, задолжително треба да ги достават и Тековна состојба издадена од Централен регистар на Р.М. не постара од 6 месеци.
Јавниот повик трае 5 работни дена заклучно со 12.09.2023 година.
Напомена: Нeкомплетните предлог-програми и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Изготвил : Игор Чапов
Одобрил : Љупче Почивалец
05.09.2023 год. Градоначалник на општина Радовиш
Радовиш Ацо Ристов