Врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.101/19 и 122/21) и Одлуката за давање согласност за предавање на движни ствари (електронска и компјутерска опрема од проектот “Компјутер за секое дете”, движни ствари дадени со Одлука на Влада од Министерството за образование и наука на општина Радовиш за потребите на ООУ “Крсте Петков Мисирков” Радовиш и останата електронска опрема во сопственост на ООУ “Крсте Петков Мисирков” Радовиш) на Советот на општина Радовиш бр.08-1300/1 од 29.08.2023 година, општина Радовиш објавува:
За избор на правнo лицe кое врши дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари -електронска, електрична и информатичка опрема кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на ООУ “Крсте Петков Мисирков” Радовиш.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари – електронска, електрична и информатичка опрема предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.
Движните ствари се наоѓаат во зградата на ООУ “Крсте Петков Мисирков” Радовиш.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.
Подетални информации може да се добијат секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот во ООУ “Крсте Петков Мисирков” Радовиш или во општина Радовиш.
Лице за контакт во врска со јавниот повик е Весна Конзулова, тел. 071/444-144, e-mail: v.konzulova@radovis.gov.mk.
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на ООУ “Крсте Петков Мисирков” Радовиш,
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 05.10.2023 година до 12:00 часот.
Изготвил/Контролирал
Весна Конзулова
Раководител на сектор за нормативно-правни,
јавни дејности и општи работи
Градоначалник на Општина Радовиш
Ацо Ристов