ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН
Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш
До: Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, инвеститор Општина Радовиш
Предмет: ПОТВРДА за заверка на одобрен урбанистички проект
Врска: Наш брoj 26-350/1 од 20.02.2024 година, постапка бр. 59760
Почитувани,
Градоначалникот на Општина Радовиш, ја разгледа доставената дoкументација со барањето за заверка на Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш, со површина на плански опфат на градежна парцела од 10.4 ха, изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, со тех.број 4009, од Мај 2024 година.
Врз основа на член 63 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 32/2020), ја издава следната:
П О Т В Р Д А
Се издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш, со површина на плански опфат на градежна парцела од 104356.74 м2 односно 10.4 ха, изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, со тех.број 4009, од Мај 2024 година.
О б р а з л о ж е н и е
Нарачателoт Општина Радовиш со седиште на бул.„Александар Македонски“ бр.7 Радовиш врз основа на Договор за Изработка на урбанистички планови (ГУП, ДУП, УПС, УПНМВ) и урбанистички проекти со стручна ревизија, програми за урбана опрема и времени објекти за потребите на општина Радовиш бр.03-713/5 од 26.07.2022г. склучен со ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци со седиште на ул.„Народна младина“ бр.3 Кавадарци и управител Ката Петковска и врз основа на Налог за работа бр.26-1063/3 од 22.06.2023г., поднесе барање за издавање на Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш.
Одобрен е Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш, со површина на плански опфат на градежна парцела од 104356.74 м2 односно 10.4 ха, изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, со тех.број 4009, од Мај 2024 година.
Доставена е следната документација:
– Налог за работа на Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци од инвеститор Општина Радовиш, со бр.26-1063/3 од 22.06.2023г.
– Извод од УПС Подареш со бр. 26-08-460/2 од 08.08.2023 год., издаден од надлежен орган ЕЛС Општина Радовиш;
– Проектна Програма изработена од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, од 12.2023 година за инвеститор Општина Радовиш;
– Геодетски Елаборат за геодетски работи за посебни намени за Ажурирана геодетска подлога, КП бр.2017/1, КП бр.2198, КП бр.4618/2, КП бр.2014, КП бр.2015 и КП бр.2017/2 КО Подареш изработен од ТДГР ГЕОМЕР ПЛУС ДОО Делчево, со бр. 08-201/6 од 13.07.2023 год.;
– Извештај за извршена Стручна Ревизија на Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш со тех.бр.03-66/24 од 03.2024 изработен од ДППИ НИМАЕР ДООЕЛ Струга;
– Доказ за сопственост – имотен лист бр.1 на КП бр.2015 и КП бр.2014 КО Подареш, имотен лист бр.190 на КП бр.2017/1 КО Подареш, имотен лист бр.1120 на КП бр.2017/5 КО Подареш, имотен лист бр.1129 на КП бр.2017/4 и КП бр.2017/3 КО Подареш, имотен лист бр.253 на КП бр.4618/1 КО Подареш, издаден од Агенција за катастар на недвижности;
– Инфраструктурен план, Сообраќаен план, Урбанистичко решение – Подареш, Наменски план изработен од планер Трајче Грков со овластување бр.0.0020 во DWG;
– Податоци, информации и мислење од: АЕК Скопје, ЈПДП Скопје, АД МЕПСО, Македонски Телеком АД Скопје, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, ДЗС ПО Радовиш, ЈП Плаваја Радовиш.
– Записник бр.26-350/3 од 13.03.2024г.;
– Позитивно мислење за УП бр.26-350/4 од 18.03.2024г.;
– Одлука од Совет на Општина Радовиш бр.08-608/1 од 19.04.2024 година.
– Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш со тех.број 4009, од Мај 2024 година.
Градоначалникот на општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирање издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект.
Со почит,
Изработил:
Елена Стефановска
Градоначалник
Ацо Ристов