Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – Урбанизам со постапка бр.62740 од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, за одобрување Планска програма за изработка на ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАД РАДОВИШ, ОПШТИНА РАДОВИШ, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАД РАДОВИШ, ОПШТИНА РАДОВИШ
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци со ЕМБС 4129105 и седиште на ул.„Народна младина“ бр.3 Кавадарци со управител Трајче Грков, за инвеститор Општина Радовиш, за одобрување Планска програма за изработка на Генерален Урбанистички План за град Радовиш, КО Радовиш КО Радовиш вон.гр КО Раклиш, Општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Планска програма за изработка на Генерален Урбанистички План за град Радовиш, Општина Радовиш., со површина на проектен опфат 646 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-830/3 од 04.07.2024г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска програма за изработка на Генерален Урбанистички План за град Радовиш, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 646 ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска програма за изработка на Генерален Урбанистички План за град Радовиш, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 646 ха, со тех.бр.3996 од Јули 2024 год. изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов