Врз основа на член 29 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РМ“ бр. 32/20 и 111/23), член 50 точка 3 од Законот за локална самоуправа („Сл. в. на РМ“ бр.5/02) и донесената Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Радовиш за 2024 год. со Одлука бр.08-287/1 од 09.02.2024година, од Советот на Општина Радовиш , Градоначлникот на Општина Радовиш го доставува следниот:
ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК
За организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета
По изготвен
ДУП УБ 8-дел и УБ 9-дел (плански период 2022-2027),
Нацрт план, КО Радовиш, Општина Радовиш
Граници на планскиот опфат е формиран по следните граници:
– на Источната страна се движи по осовината на Сервисна улица „Д-р Андон Кочев“,
потоа продолжува по осовина на Станбената улица „Миле Кукатанов“.
– на Јужната страна ја пресекува КП 3928/3, потоа се движи по јужната страна на КП
3927/1, КП 3927/4, КП 3909/6, КП 3909/5, КП 3909/4, КП 3909/3, КП 3909/2, КП 3909/1,
КП 3908/1, КП 3908/9, КП 3908/12,потоа ја пресекува КП 3933/1, потоа повторно се движи по јужната граница на КП 3933/3, потоа ја пресекува КП 3933/2, потоа продолжува по јужните граници на КП 3935/1, КП 3936/1, КП 3937/4, КП 3937/1, КП 3937/3, КП 3938/1 , продолжува по Источната граница на КП 3939/3 , КП 3939/4, КП 3940/1 потоа продолжува по осовина на постоечкиот канал на наводнување
– На Северо-Западна страна се движи по осовина на Бул.Александар Македонски. Во планската програма дефиниран е планскиот опфат кој е прикажан на графички прилог.
Површината која ја опфаќа опишаната граница на прелиминарниот плански опфат изнесува 14.00 ха.
Согласно законската регулатива од областа на урбанистичко планрање, јавниот повик за одржување на повторна јавната анкета и јавната презентација по изготвен Детален урбанистички план УБ 8-дел и УБ 9-дел (плански период 2022-2027), Нацрт план, КО Радовиш, Општина Радовиш ќе се спроведува преку информацискиот систем на е – урбанизам (https://www.e-urbanizam.mk/), се објавува на официјалната страна на Општина Радовиш (https://radovis.gov.mk/ ), огласна табла на Општина Радовиш и преку соопштенија во подрачјето на планскиот опфат.
Јавниот повик за спроведување на повторна Јавната анкета и јавна презентација ќе трае петнаесет дена.
Јавната анкета и јавната презентација по ДУП УБ 8-дел и УБ 9-дел (плански период 2022-2027), Нацрт план, КО Радовиш, Општина Радовиш ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во информацискиот систем е – урбанизам, печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информациската табла на Општина Радовиш.
Јавната анкета ќе трае 30 дена од денот на објавувањето на Соопштението и истиот ке трае од 24.07.2024г. до 22.08.2024г, а јавната презентација со стручно презентирање ќе се одржи на ден 30.07.2024г. во 11:00 часот во простории на Мала сала на Општина Радовиш.
Во споменатиот рок, можат да се доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во писмена и електронска форма преку информатички систем на е – урбанизам.
Марија Илиева
Надица Пранговска
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов