Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02), Одлуката за доделување на стипендии на ученици во основното и во средното образование од општината Радовиш бр.07-1330/2 од 04.07.2013 год. и Измената на Правилникот за доделување на стипендии на ученици во основното и во средното образование од општина Радовиш бр. 08-1884/1 од 26.12.23 год., Градоначалникот на општина Радовиш, распишува
К О Н К У Р С
за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2024/2025 година
За учебната 2024/2025 година, општина Радовиш ќе додели:
- ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ИСКЛУЧИВО ПО ОСНОВ НА ПОСТИГНАТ УСПЕХ – БЕЗ СОЦИЈАЛНИ КРИТЕРИУМИ
- 16 (шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение – по 4 стипендии пооделно.
Согласно измените на Правилникот, стипендиите нема да се доделуваат по училишта, туку ќе се доделуваат вкупно по 4 стипендии за секое одделение ( по 4 за VI, VII, VIII и IX одделение) по принципот на најдобро рангирани ученици (со најмногу бодови), без разлика од кое основно училиште се учениците.
Стипендијата е во висина од 2 500 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.
- 13 (тринаесет) стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средно образование од кои: 10 (десет) стипендии во прва година и тоа по 2 стипендии за ученици од сите 5 општински основни училишта, коишто ќе донесат потврда дека се запишале во прва година во СОУ Коста Сусинов – Радовиш, и по една за II, III и IV година.
Стипендијата е во висина од 3 000 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.
Потребни документи за учество на конкурсот
- Барање од учениците до општина Радовиш ;
- Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
- Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
- Диплома за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари организирани единствено преку образовниот систем ;
- Препорака од менторот ;
- Препорака од наставничкиот совет ;
- Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
- Фото копија од лична карта, или пасош и
- Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија и истата да биде пријавена во УЈП;
Напомена:
Во случај на ист број бодови, Комисијата за доделување на ученички стипендии со цел да се додели стипендија на учениците со послаба социјална положба, дополнително ќе побара од старателите на тие ученици :
-Уверение за остварени приходи од УЈП за материјалните примања на семејството на ученикот. Приходите ќе бидат поделени месечно по број на членови на семејството, врз основа на издадено семејно уверение.
Стипендијата ќе биде доделена на кандидатот кој е социјално послабо ситуиран.
- ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ПО ОСНОВ НА ПОСТИГНАТ УСПЕХ – И ПО ОСНОВА НА СОЦИЈАЛНИ КРИТЕРИУМИ
Општина Радовиш доделува вкупно 10 (десет) стипендии на ученици во основните училишта и ученици во средното образование од општина Радовиш чиишто семејства се социјално загрозени.
Стипендиите се доделуват на првите пет рангирани кандидати кои конкурирале по овој основ, без разлика дали учениците се од основно или од средно образование.
Право за конкурирање имаат сите ученици од VI, VII, VIII и IX одделение основно образование и учениците од I, II, III и IV година средно образование
Стипендијата е во висина од 3 000 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.
Потребни документи за учество на конкурсот
- Барање до општина Радовиш ;
- Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
- Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
- Дипломи за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари, организирани единствено преку образованиот систем ;
- Препорака од ментор ;
- Препорака од наставнички совет ;
- Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
- Фото копија од лична карта или пасош ;
- Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија и истата да биде пријавена во УЈП;
- Семејно уверение ;
- Уверение за остварени приходи од УЈП, за двајцата родители за 2023 год.;
- Поврда за работен однос на родителите, или старателите со податок за остварен личен доход од 01.01.2024 заклучно со месец Декември 2023 или Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството на ученикот.
- Потврда од Центарот за социјална работа (доколку се корисници на социјална помош)
Услови за доделување на стипендии
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во училиштата во општина Радовиш, Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови :
– Да се жители на општина Радовиш и државјани на Република Македонија
– Да се редовни ученици од основното образование и од средно образование со континуиран скроз одличен успех кои освоиле I, II и III награда на општински, регионален и државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, организирани и спроведени ЕДИНСТВЕНО преку образовниот систем.
Напомени:
Кандидатите се должни во Барањето јасно да означат (да заокружат) по кој основ конкурираат, односно дали конкурираат по основ на :
-Талентирани ученици исклучиво по основ на постигнат успех – без социјални критериуми или
-Талентирани ученици по основ на постигнат успех и по основа на социјални критериуми
–Ученици без свидетелства со континуиран скроз одличен успех нема да бидат земени во предвид.
-Дипломи добиени од разни други асоцијации, манифестации и здруженија на граѓани нема да бидат бодирани.
Место и рок за поднесување на документите
Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на ученици“
Рокот за поднесување на документите е 15 (петнаесет) дена започнувајки од 21.11.2024 год. (Четврток) заклучно со 05.12.2024 година (Четврток).
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
БАРАЊАТА можат да се набават самите училишта, на WEB страната или директно во општина Радовиш.
Резултатите ќе бидат објавени во рок од 15 дена од завршувањето на конкурсот
Резултатите од конкурсот ќе бидат истакнати на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш.
По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Градоначалникот на општина Радовиш.
Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор.
Повеќе информации можат да се добијат во самите училишта, или во општина Радовиш.
Изготвил : Борче Панов
Одобрил : Игор Чапов
Весна Конзулова
Градоначалник на општина Радовиш
Ацо Ристов