Денеска беше одржана средба со претставници на месните и урбаните заедници од општина Радовиш. На оваа средба беше разговарано за приоритетните проекти кои се потребни да се планират за наредната 2025 година. Исто така беа доставени предлози од месните заедници за проекти кои треба да бидат дел при креирањето на буџетот за 2025 година.