Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.63946 од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, за одобрување Проектна програма за изработка на ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО – за изградба на викенд населба во К.О. Козбунар, Плачковица Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектна програма за изработка на ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО – за изградба на викенд населба во К.О. Козбунар, Плачковица Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци со ЕМБС 4129105 и седиште на ул.„Народна Младина“ бр.3 Кавадарци со управител Трајче Грков, за инвеститор Општина Радовиш, за одобрување Проектна програма за изработка на ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО – за изградба на викенд населба во К.О. Козбунар, Плачковица Општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Проектна програма за изработка на ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО – за изградба на викенд населба во К.О. Козбунар, Плачковица Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 15,47 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-1691/2 од 03.12.2024г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна програма за изработка на ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО – за изградба на викенд населба во К.О. Козбунар, Плачковица Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 15,47 ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Согласно горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО – за изградба на викенд населба во К.О. Козбунар, Плачковица Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 15,47 ха, со тех.бр.4004 од Јули 2024 год. изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: Елена Стефановска д.п
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов