Во склоп на новогодишните активности, денес Градоначалникот Ацо Ристов беше во посета на штитениците во Дневниот центар „Порака“ во Радовиш и на организираната прослава од страна на Здружението на лица со телесен инвалидитет од Радовиш и Конче „Мобилност“.
Од страна на Градоначалникот Ристов најпрво беа упатени честитки и пофални зборови за функционирањето на оваа здружение и овој дневен центар, посакувајќи им многу здравје и среќа во новата 2025 година.
Веднаш потоа, на Здружението, односно на дечињата на неговите членови беа доделени новогодишни пакетчиња и пригодни подароци за штитениците во Дневниот центар „Порака“.