ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш
До : Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје, инвеститор ДПТУ ИЛИЈА СОЛАР ДООЕЛ Скопје
Предмет : ПОТВРДА за заверка на одобрен Урбанистички проект
Врска : Наш број 26-347/1 од 03.03.2025г., постапка бр.69306
Почитувани,
Градоначалникот на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш, изработен од Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје, со тех.број 061/11/23 од Февруари 2025 година.
Врз основа на член 58, став 6, од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 101/25), ја издава следната:
П О Т В Р Д А
Се издава Потврда за заверка на одобрен урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш, изработен од Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје, со тех.број 061/11/23 од Февруари 2025 година.
О б р а з л о ж е н и е
Нарачателот ДПТУ ИЛИЈА СОЛАР ДООЕЛ Скопје со седиште на ул.1 бр.8 Црешево Скопје, ЕМБС 7374038 и управител Гоце Стевковски, со полномошно на Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје со седиште на ул.„Васил Главинов“ бр.3-2/8 Скопје и управител Наташа Влчевска Савиќ, потврдено од Нотар Дарко Стојкоски со бр.УЗП 21599/2023 од 27.11.2023 во Скопје поднесе барање за издавање на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш.
Одобрен е урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш, изработен од Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје, со тех.број 061/11/23 од Февруари 2025 година и доставена е следната документација:
– Полномошно на ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје од ДПТУ Илија Солар ДООЕЛ Скопје заверено кај Нотар Дарко Стојкоски, со бр. УЗП 21599/2023 од 27.11.2023 год.;
– Проектна Програма изработена од ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје со тех.бр. 061/11/23 од 12.2024год.;
– Услови за планирање на просторот со тех.бр.Y21719i од 08.2024г. од Агенција за УПП;
– Решение за УПП бр. УП1-15-1700/2024 од 15.11.2024 год. од МЖСПП – Сектор за просторно планирање;
– Решение за одобрена Проектна Програма бр. 09-67/3 од 12.02.2025 год. од ЕЛС општина Радовиш;
– Геодетски Елаборат за геодетски работи за посебни намени за Ажурирана геодетска подлога за КП 4993 и КП 4994 КО Радовиш вон град – општина Радовиш, изработен од ГЕО KOM ДООЕЛ – Делчево, со бр. 151/3-23 од 11.12.2024год.;
– Известување за електронска заверка на Геодески елаборат под бр. 151/3-23 од 11.12.2024 год во Агенција за катастар на недвижности на РСМ;
– Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш-вгр. Општина Радовиш, со тех.бр. 061/11/23 од 02.2025год.;
– Идеен проект за – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш, со тех.бр. 81/3-2025 г. изработен од ГЕО KOM ДООЕЛ – Делчево;
– Стручна ревизија изработена од ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ БИТОЛА со тех.бр.0801-3/Р-04/25 од 04.2025 година;
– Мислење од утврдена состојба – позитивно од АКН РСМ, со бр. 0932-696/1 од 10.03.2025
год.;
Податоци, информации, мислење од:
– Агенција за катастар на недвижности
– Агенција за цивилно воздухопловство
– Дирекција за заштита и спасување ПО Радовиш
– Македонски Телеком АД Скопје
– ЕВН
– НОМАГАС АД Скопје
– Јавно претпријатие за државни патишта
– Известување за јавен увид бр.26-347/4 од 22.04.2025г.;
– Записник од одржан јавен увид бр.26-347/6 од 12.05.2025г.;
– Позитивно мислење за УП бр.26-347/7 од 15.05.2025г.
Градоначалникот на Општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирање издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект.
Со почит,
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов