Општина Радовиш
Дел бр.09-859/1
Дата 12.06.2025
Општина Радовиш
www.radovis.gov.mk / e-mail: gradonacalnik@radovis.gov.mk
Врз основа на член 50 став 1 точка 5 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр. 202/24), Одлуката за постапување поради настаната штета од атмосферска непогода од ниски температури-голомразица, број 08-802/1 од 29.05.2025,
Градоначалникот на оптшина Радовиш објавува
Ј А В Е Н П О В И К
За пријавување на штети на земјоделски насади од атмосферска непогода – голомразица
Општина Радовиш ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферска непогода – мраз која ја зафати територијата на општина Радовиш во периодот од 13.03.2025 година до 09.04.2025 година да ја пријават штетата на своите насади во просториите на општина Радовиш на обрасци кои ќе им бидат доставени од страна на општинската архива и тоа:
1.Барање за пријавување на штета на земјоделските насади;
2.Покрај барањето секој барател треба да достави:
–Копија од лична карта;
–Изјава за веродостојност на податоци;
–Изјава за согласност за користење на лични податоци;
–Транскациска сметка;
–Доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (Решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; Имотен лист; Договор за закуп заверен на нотар).
3.Пријавувањето на штетите може да се изврши во периодот од 16.06.2025 година до 26.06.2025 година секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.
За дополнителни информации може да се обратите на Весна Конзулова – 071 444 144.
Напомена: Во процената нема да се земат во предвид насади кои се помлади од 3 години како и насади кои не се обработуваат. Исто така нема да се врши проценка на насади кои се веке осигурани во осигурителни компании.
Градоначалник на Општина Радовиш
Ацо Ристов
ИЗЈАВА за согласност за користење лични податоци