Оваа година по правилата на FIBA, на повеќенаменското игралиште во СОУ „Коста Сусинов“ се натпреваруваа вкупно 12 екипи од Македонија, Србија и Грција.
Трето место на турнирот и парична награда од 15.000 ден. освои екипата „Крушевац“ од Република Србија, второто место го освои екипата „SOLUTIONX3“ од Скопје добивајки парична награда од 30.000 ден. а овогодишни шампиони се екипата „EURO EDIL“, исто така од Скопје, кои се здобија со парична награда од 60.000 ден.
Најкорисен играч на турнирот беше прогласен АМИР ХОТ од екипата на „EURO EDIL“.
Во име на општина Радовиш, пехарите и медалите беа доделени од страна на Секретарот Љупче Почивалец.