Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.75415 од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, за одобрување Проектна програма за Измена и дополна на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 3453/2, КО Радовиш вон град – општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Измена и дополна на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 3453/2, КО Радовиш вон град – општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш со ЕМБС 5209790 и седиште на ул.„Илија Алексов“ бб Радовиш со управител Јован Костадинов, за инвеститор ГОСАН ГРУП ДОО увоз – извоз Скопје со седиште на ул.Прашка бр.44/2 Карпош – Скопје, за одобрување Проектна програма за изработка на Измена и дополна на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 3453/2, КО Радовиш вон град – општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-1491/1 од 10.12.2025 год. го разгледа барањето за одобрување на Измена и дополна на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 3453/2, КО Радовиш вон град – општина Радовиш, со површина на проектен опфат 5177 м2.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-922/2 од 12.12.2025г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна програма за изработка на Измена и дополна на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 3453/2, КО Радовиш вон град – општина Радовиш, со површина на проектен опфат 5177 м2, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25).
Согласно горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 3453/2, КО Радовиш вон град – општина Радовиш, со површина на проектен опфат 5177 м2, со тех.бр.207/2025-У од Октомври 2025 год. изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Љупче Почивалец






