Денешната 10. седница на Советот на Општина Радовиш се одржа со обемен дневен ред од вкупно 37 точки. Во текот на седницата беа разгледани и усвоени голем број предлог-програми, предлог-одлуки и предлог-заклучоци од значење за функционирањето и развојот на општината.
Советот донесе одлука за усвојување на Предлог-правилник за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објекти за домување во куќи за млади лица до 35 години, при изградба, доградба или надградба на прв дом.
Со оваа мерка се овозможува конкретна поддршка за младите семејства и се создаваат подобри услови за нивно останување и градење на иднината во нашата општина.











