Во согласност со меѓународните и националните стандарди за животна средина и социјални аспекти, за проектот е изработена Студија за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА). Во рамките на овој процес, Алказар Енерџи, со поддршка на своите надворешни консултанти и експерти за животна средина и социјални аспекти (Mott MacDonald), организира јавна презентација.
Јавните презентации за ОВЖССА се предвидени да се одржат во текот на неделата која започнува на 30 март 2026 година на четири локации во општините Штип и Радовиш.
На презентациите ќе се даде преглед на проектот, ќе се презентираат клучните наоди од студијата за ОВЖССА, ќе се образложат предложените мерки за ублажување и плановите за управување со животната средина и социјалните аспекти, ќе се објасни механизмот за приговори и ќе се дискутираат забелешките од засегнатите страни.
„Алказар Енерџи Партнерс“ го развива Ветерниот парк Штип со капацитет до 396 MW. Како дел од процесот на Oценка на влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА), со поддршка на општините Штип, Радовиш и Карбинци, ги покануваме сите заедници и заинтересирани страни да го следат Пакетот за објавување на ОВЖССА и да присуствуваат на Јавната презентација на ОВЖССА.






