Почитувани,
Општина Радовиш заради подобрување на ефикасноста и транспарентосноста на јавно достапните услуги и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните воведе систем 48 часа.
Граѓаните својот проблем или барање можат да го пријават 24 часа дневно. Врз основа на пријавениот проблем или барање службите веднаш ќе излезат на терен. Во рок од 48 часа граѓаните ќе добијат одговор за статусот и рокот за решавање, конечно решение или поведена постапка за решавање на пријавеното барање.
Наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција, овде преку оваа контакт форма СИСТЕМ 48-Пријави проблем или директно на е–mail: sistem48@radovis.gov.mk