Градоначалник на општина Радовиш е Ацо Ристов, избран на локалните избори во 2021 година, тој беше кандидат за градоначалник од партијата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Неговиот мандат трае 4 години односно во периодот од 2021 до 2025 година.
„Општината Радовиш се стреми да ги подобри условите за живот на граѓаните, на начин што би се искористиле компаративните предности што ги нудат природното опкружување и досегашната создадена инфраструктура со насока кон креирање на среќни, задоволни, безбедни и здрави граѓани.
За да поттикнеме правилен и здрав локален економски развој Ние, како двигатели на истиот мораме да создадеме една симбиоза помеѓу луѓето, природната околина и развојот на науката и технологијата, а паралелно со тоа културата и образованието да се развиваат кон позитивна насока.