Под наслов „ТРАНСФЕР НА ЗНАЕЊА, ИСКУСТВА И ДОБРИ ПРАКТИКИ“ вчера во општина Радовиш беше одржана заедничка средба на клучните чинители од проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“. Гости а воедно и презентери на оваа тродневна активност се партнерите од општина Белишче од Република Хрватска, Г-ѓа Љерка Вучковиќ – Заменик Градоначалник како и претставниците Романо Клајнсчек и Игор Палох.
На првиот ден 25.05.2023 год., по поздравните обраќања од страна на Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец и Заменик Градоначалникчката на Белишче, беа одржани презентации под заеднички наслов : Белишче – енергетски независен град,
Проект – изградба на еко топлана и Проект – реконструкција на јавно осветлување во Белишче по ЕСКО моделот.
По презентациите, помеѓу присутните и гостите беше отворена дискусија во однос на проблемите, искуствата и практиките околу управувањето на општинските услуги за греење со користење обновливи извори на енергија.