09-38/1
05.01.2024 год.
Врз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Сл. гласник на општина Радовиш бр. 05/02) и член 3 од Методологијата за распределба на финансиски средства на спортски клубови бр. 08-1482/1 од 03.12.2021 год. а согласно донесената годишна Програма за јавните потреби на спортот во општина Радовиш за 2024 бр.08-1813/2 од 18.12.2023, год. Градоначалникот на општина Радовиш на ден 05.01.2024 год. објавува :
JАВЕН ПОВИК
за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш
на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2024 год.
- Се распишува јавен повик за распределба на средства на спортските клубови, здруженија и сојузи од Буџетот на општина Радовиш за 2024 година ;
- Потребни документи за поднесување се :
-годишна програма за работа и финансиски план за 2024 год.;
-извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2023 год.;
-копија од завршна сметка (за спортските клубови и здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);
-копија од решение од АМС за дејност спорт (доколку има) или потврда од федерација;
-копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);
-потврда за отворена и активна жиро сметка.
- Период за доставување на документите е 14 (четиринаесет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 18.01.2024 год.
- Пријавите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : За јавен конкурс бр.
Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Изготвил: Игор Чапов
Одобрил: Љупче Почивалец
Градоначалник на општина Радовиш
Ацо Ристов