Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/2002), Градоначалникот на општина Радовиш донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за објавување на JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2022 година
- Се објавува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2022 година
- На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, установи и организации, поединци, група творци и здруженија на граѓани од областа на занаетчиството, угостителската дејност, стопанството, образование, спорт и култура, здравство и социјално хуманитарна дејност во општина Радовиш.
- Потребни документи за поднесување се :
– Податоци за предложеното физичко или правно лице;
– Образложение за предлогот по конкурсот;
- Период за доставување на документите од 19.10.2022 год. заклучно со 28.10.2022 год.
Документите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш
Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2022 год.
Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани.
Изготвил/Одобрил: Љупче Почивалец
ЕЛС општина Радовиш
Градоначалник : Ацо Ристов