Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/2002), Градоначалникот на општина Радовиш донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за објавување на JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2024 година
- Се објавува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2024 година
- На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица од областа на занаетчиството, стопанската и друга јавна дејност од општина Радовиш.
- Сите заинтересирани кои ќе конкурираат на јавниот конкурс, потребно е да докажат дека во изминатиот период исклучително се бавеле или се бават само со една дејност, и со истата дале свој придонес и оставиле длабока трага во вкупниот општествен и стопански живот во општина Радовиш.
- Потребни документи за поднесување се :
– Податоци за предложеното физичко или правно лице;
– Образложение за предлогот по конкурсот;
- Период за доставување на документите од 16.10.2023 год. заклучно со 23.10.2023 год.
Документите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш
Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2024 год.
Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани.