Денес, во општинските основни училишта во општина Радовиш на свечен начин и со пригодни програми беше одбележан почетокот на новата учебна година.
Во ООУ „Никола Карев“ и ООУ „Крсте П.Мисирков“ во име на Градоначалникот на општина Радовиш, на сите ученици од основното образование, среќен и успешен почеток им посака Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец.
Претставници од локалната самоуправа имаше и во општинските основни училишта „Орце Николов“ во Ињево, „Коста Рацин“ во Подареш и „Кирил и Методиј“ во Ораовица, каде исто така на учениците и на наставниците им беше честитан почетокот на новата учебна година.
Највозбудени и најсреќни беа секако првачињата кои оваа година за почетокот на учебната година, од страна на општина Радовиш и фирмата Адора Инженеринг добиваат училишен ранец со комлетен училишен прибор.