Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов беше во посета на подрачното училиште при ООУ „Орце Николов“ во Злеово.
Беше извршен увид во успешно завршениот проект за оградување и партерно уредување на дворот на училиштето како и увид во училишните простории. Градоначалникот имаше и кратка средба со наставниот кадар, разговарајки за условите во училиштето и реалните проблеми со, за жал се помалиот број на ученици.