Општина Радовиш започна соработка со SOCIEUX+ кој механизам за техничка соработка основан и кофинансиран од Европската Унија од Генералниот директорат за меѓународни партнерства на Европската комисија (DG INTPA), Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) и владите на Белгија, Франција и Шпанија. Механизмот се имплементира со партнерските организации: Агенција за експертска поддршка “Expertise France”, Белгиска агенција за меѓународна соработка за социјална заштита “Belincosoc”, Белгиската агенција за развој “Enabel” и Меѓународната и американската фондација за администрација и јавни политики (FIIAP).
SOCIEUX+ мобилизира европски експерти за краткорочни активности за техничка соработка со нивните колеги надвор од ЕУ, обезбедува eкспертиза за социјалниот сектор во областите социјална заштита, труд, вработување и ги поддржува земјите во борбата против сиромаштијата, социјалната исклученост, ранливоста и нееднаквоста.
Во таа насока денеска во просториите на општина Радовиш – Сала на Совет на општината се одржа заеднички состaнок со г-ѓа Бреза Марзена претставник од SOCIEUX+.