Советот на општина Радовиш ја работеше 26 седница.
Со дневен ред од 45 точки, кои подоцна со предложената допуна, Советниците имаа вкупно 52 точки на редовната седница која беше одржана во салата за состаноци во општина Радовиш.
На оваа седница се разгледаа и усвоија голем број на Предлог Одлуки од страна на советниците при Советот. Советниците усвоија Предлог Одлуки за Ко-финансирање на инфраструктурни проекти во општина Радовиш, како и повеќе Предлог измени за допопнување на Програми, и определување и промени на имиња на улици во општина Радовиш.