Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска одржа прием, во кој им посака топло добредодојде во нашиот град и пријатен убав престој на учениците од училиштето “Петро Кузмјак” од Руски Крстур, Србија, кое е партнер во проект на нашето училиште СОУ „Коста Сусинов“
СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш, во текот на оваа учебна година 2024/25 е вклучено во проект на размена на ученици “RYCO Superschools”, проект кој е кофинансиран од страна на Европската Унија и Германската влада, а е имплементиран од страна на GIZ и RYCO (Регионална канцеларија за соработка на млади во Западен Балкан).
Во рамките на овој проект нашето училиште е партнер со училиштето “Петро Кузмјак” од Руски Крстур, Србија. Проектот вклучува размена на ученици, односно во периодот од 24ти до 30ти Ноември, 2024, група наши ученици го посетија партнерското училиште, а сега во периодот од 23ти до 29ти Март, 2025, група ученици од партнерското училиште се во посета на Радовиш Координатори на проектот од нашето училиште се професорките Катерина Сусинова и Венка Тадирова, а од партнер училиштето Наталија Будински и Лилјана Рудакијевич.
Насловот на проектот е “Да се биде или не медиумски писмен!” и главната тема која ја обработува проектот е медиумската писменост, но се опфатени и други теми за кои RYCO се залага, како што се: мир и помирување, меѓународен дијалог, почит за различни култури, идентитет и интегритет, хуманост и ненасилство, грижа за животната средина итн.
Активностите кои ги имааа учениците во Србија, а сепредвидени и кај нас се: работилници со учениците, посета на медиумски куќи, радио и подкаст станици, посета на општините, разглед на градот домаќин со цел запознавање со културното и историското значење и слично.