Градоначалникот на Општина Радовиш, постапувајќи по Известување по констатирани недостатоци од Агенција за катастар на недвижности со бр.0939-3572/1 доставено на 15.03.2024 година, врз основа на член 97 од Законот за општа управна постапка (Сл.весник на Р.М. бр.124/15) донесе:
- Се исправа техничка грешка во Потврда за заверка на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП1 (КП 3717/4 и 3725/4 и дел од КП 3717/3, 3657/5 и 3657/1) со намена А1.3 – Станбени куќи со споени ѕидови на меѓа од двете страни – куќи во низови по ДУП на град Радовиш (одлука бр.08-58 од 01.03.1994) Општина Радовиш.
- Се врши ИСПРАВКА НА ГРЕШКА на месец на изработка на Урбанистички проект, односно Февруари 2023 година се заменува Јули 2023 година, грешката е настаната од очигледни неточности при изготвување на Потврда за заверка на одобрен урбанистички проект.
- Се врши ИСПРАВКА НА ГРЕШКА, се дополнува доставената документација со: Одлука од Совет за позитивно мислење бр.08-1821/1 од 18.12.2023 година, грешката е настаната од очигледни неточности при изготвување на Потврда за заверка на одобрен урбанистички проект.
- Исправката на грешка произведува правно дејство од денот од кој произведува правно дејство Потврда за заверка на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП1 (КП 3717/4 и 3725/4 и дел од КП 3717/3, 3657/5 и 3657/1) со намена А1.3 – Станбени куќи со споени ѕидови на меѓа од двете страни – куќи во низови по ДУП на град Радовиш (одлука бр.08-58 од 01.03.1994) Општина Радовиш
бр.09-406/1 од 29.02.2024 година која се исправа.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
До Општина Радовиш во електронскиот систем Е-Урбанизам на 15.03.2024 година е доставено Известување по констатирани недостатоци од Агенција за катастар на недвижности со бр.0939-3572/1 во врска со Потврда за заверка на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП1 (КП 3717/4 и 3725/4 и дел од КП 3717/3, 3657/5 и 3657/1) со намена А1.3 – Станбени куќи со споени ѕидови на меѓа од двете страни – куќи во низови по ДУП на град Радовиш (одлука бр.08-58 од 01.03.1994) Општина Радовиш бр.09-406/1 од 29.02.2024 година.
Надлежниот орган од увидот во целокупната документација, констатира е дека е направена техничка грешка од очигледни неточности и врши исправка на истата на следниот начин:
- Наведениот месец на изработка на Урбанистички проект, Февруари 2023 година се заменува Јули 2023 година;
- Доставената документација се дополнува со: Одлука од Совет за позитивно мислење бр.08-1821/1 од 18.12.2023 година.
Oрганот го донесе овој заклучок како во диспозитивот согласно со чл. 97 од Законот за општа управна постапка (Сл.весник на Р.М. бр.124/15).
Правна поука: Против Заклучокот може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работи од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 денари согласно Законот за административни такси.
Г Р А Д О Н А Ч А Л Н И K
Ацо Ристов
ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА У.П. за парцелација за промена на граници гп1 постапка 50218