Врз основа на чл. 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр. 5/2002) и член 21 став 1 точка 43 од Статутот на општина Радовиш, а во согласност со член 23 став 3 од Законот за угостителска дејност (Сл. весник на РМ бр.62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14, 129/15, 192/2015, 39/2016,53/2016, 71/2016 и 31/2020), член 1 и 2 од Одлуката за можност на угостителските објекти за работа со продолжено работно време за одредени манифестации во општина Радовиш бр. 07-1329/1 од 10.07.2012 година,
Советот на Општина Радовиш на XXXVI седницата одржана на ден 28.09.2023 година, донесе:
О Д Л У К А
за работа со продолжено работно време на угостителските објекти
во општина Радовиш за време на
манифестацијата ,,Самун ем Татлија”
Член 1
Со оваа одлука се одобрува работа со продолжено работно време на угостителските објекти во општина Радовиш за 2 часа работа утврдено согласно Законот за угостителска дејност (Сл.весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14, 129/15 192/2015, 39/2016,53/2016, 71/2016 и 31/2020), поради одржување на манифестацијата ,,Самун ем Татлија”.
Член 2
Продолженото работно време од 2 часa се однесува за деновите:
13, 14 и 15 Октомври 2023 година.
Член 3
Во продолженото работно време да се почитува законската регулатива за ненарушување на јавниот ред и мир.
Член 4
Оваа одлука да се објави на web-страната на општина Радовиш и достави до полициската станица во Радовиш.
Член 5
Оваа Одлука стапува во сила од денот на донесување а ќе биде објавена во ,,Службен гласник на општина Радовиш,, .
Број 08-1464/1 Совет на општина Радовиш
Дата 28.09. 2023 година Претседател
Радовиш Моника Трајанова