Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и член 57 – а од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост („Службен весник на Р.М“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18), Одлука за давање на недвижна ствар под закуп на УО на ЈПССО “Радовиш-2014” бр.08-39/20 од 03.05.2022 година и Заклучокот за усвојување на Предлог за начин на давање на простории под закуп во СРЦ “25 Мај” донесен на Советот на Општина Радовиш бр. 08-836/1 на 03.05.2022 год., ЈПССО “Радовиш-2014”, објавува:
О Б Ј А В А БРОЈ 03/2023
ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА НЕДВИЖНИ СТВАРИ – ПРОСТОРИИ
- ПРЕДМЕТ НА ДАВАЊЕ ПО ЗАКУП
Предмет на оваа објава е издавање под закуп на недвижни ствари – простории, делови од објектот СРЦ „25 Мај“ кој се наоѓа на ул. „ 8-ми Септември “ бр. 2, преку прибирање на затворените писмени понуди – по претходно донесен Заклучок на Совет на Општина Радовиш и одлука на УО на ЈП Радовиш бр.08-39/22.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на доставување на затворени понуди имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
На јавната објава можат да учествуваат правни и физички лица коишто немаат никакви обврски спрема ЈПССО “Радовиш-2014” по било кој основ, како и други нерасчистени должничко – доверителски односи
Понудувачот може да поднесе понуда/пријава за учество, само за една недвижна ствар – просторија кој е предмет на закуп.
3.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
1.Писмена понуда – конкретно за која просторија се работи, со цена за закупнина на недвижната ствар – просторија, повисока или иста со утврдената минимална месечна закупнина во денари.
2.За трговски друштва :
-Доказ за регистрирана дејност и Решение од Централен регистар
3.За Здруженија на граѓани
-Решение од Централен регистар (не постаро од шест месеци)
4.За физички лица копија од лична карта или патан исправа.
5.Уплатница за депониран износ за учество на огласот – 5% од најниската месечна закупнина во денари
6.Изјава за непостоење на нерасчистени должничко доверителски односи по било кој основ со ЈПССО “Радовиш-2014”
- МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Потребните документи се доставуваат во седиштето на ЈПССО „Радовиш 2014“ во затворен плик со назнака: „За јавна објава за издавање под закуп “
Рокот за поднесување на документите е 7 работни дена започнувајки од 04.04.2023 год. (Вторник) заклучно со 12.04.2023 година (Среда).
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
- ПОСТАПКА И КРИТЕРИУМ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП
Постапката за давање под закуп на недвижни ствари – простории во СРЦ „25 Мај“ по пат на прибирање на затворени писмени понуди, ја спроведува Комисија за постапка за прибирање на понуди по распишана јавна објава.
Комисијата има задача во рок од 5 (пет) дена од завршувањето на јавната објава да ги отвори и разгледа сите пристигнати понуди со приложените документи за давање на простории под закуп во СРЦ „25 Мај“ и да утврди дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно со условите во објавата да состави.
Комисијата составува Записник со листа на физички и правни лица, трговски друштва кои доставиле понуди за конкретна просторија.
Комисијата е должна да ги извести сите учесници за спроведената постапка.
На подносителите кои не доставиле комплетна документација, Комисијата им доставува известување со образложение дека не се прифатени нивните понуди.
На избраните и неизбраните понудувачи им доставува известување за понатамошната постапка.
За најповолен понудувач се смета учесникот кој што понудил цена која што претставува највисока цена за закупнина на конкретната просторија.
Учесниците кои не се избрани имаат право на приговор само по однос на постапката за давање под закуп на недвижните ствари – простории во рок од 3 (три) дена од добиеното Известување.
Комисијата одлучува по приговорот со решение во рок од 5 (пет) дена од приемот на приговорот
Записникот со листа на физички и правни лица се доставува до Управниот одбор и Директорот на ЈПССО “Радовиш-2014” за понатамошна постапка.
Во рок од 15 (петнаесет) работни дена од завршувањето на постапката за прибирање на затворени понуди, Директорот на ЈПССО “Радовиш-2014” со најповолните понудувачи склучува Договор за закуп на недвижната ствар.
Согласно одредбите од Законот за облигациони односи Договорот ќе ги содржи основните елементи: страни на договорот, предмет на договорот, податоци за недвижната ствар-просторија која е предмет на закуп, права и обврски на договорните страни, услови за користење на надвижната ствар – просторија и др.
По склучување на договорот понудувачот, а подоцна во својство на закупец рок од 30 дена истиот го доставува кај Нотар заради вршење на солемнизација. Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на закупопримачот.
Забелешка: Подетални информации поврзани за постапката и предметот на закуп можат да се добијат во просториите на ЈПССО “Радовиш-2014”.
- ОБЈЕКТИ – ПРОСТОРИИ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП КОИ СЕ ВО ФУНКЦИЈА НА СПОРТОТ
Согласно донесените Категоризација и Тарифник за користење на просториите и деловите од објектите за спорт во СРЦ „25 Мај“ кои се во функција на спортот, за давање под закуп се објавуваат следните простории:
р.б. | Податоци за објектот/просторијата | Најниска месечна закупнина |
1. | Влез 1 просторија со реден бр.14 со внатрешна површина од 27.93м2 | 1.745 ден |
2. | Влез 5 кат2 со реден бр.4 со внатрешна површина 35,56м2
Влез 5 со реден бр.14 со внатрешна површина од 13 м2 |
2.222 ден
812 ден |
- ОБЈЕКТИ – ПРОСТОРИИ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП КОИ НЕ СЕ ВО ФУНКЦИЈА НА СПОРТОТ
Согласно донесените Категоризација и Тарифник за користење на просториите и деловите од објектите за спорт во СРЦ „25 Мај“ кои не се во функција на спортот, за давање под закуп се објавуваат следните простории:
р.б. | Податоци за објектот/просторијата | Најниска месечна закупнина |
1. | влез 1 просторија со реден бр. 3 со внатрешна површина од 18 м2 | 1.125 ден. |
2. | влез 1 просторија со реден бр.7,6,8,9 со внатрешна површина од 39.03м2 | 2.439 ден. |
3. | влез 2 просторија со реден бр. 1 со внатрешна површина од 129.01 м2 | 8.063 ден. |
04.04.2023 год. ЈПССО „РАДОВИШ 2014“
Радовиш ВД. Директор : Лолита Арсова