12.05.2023 год. – Петок, ќе биде денот „Д“ за чист Радовиш.
Како дел од Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, општина Радовиш во соработка со општинските јавни претпријатија, јавните установи и институции, невладини организации и приватните компании ќе спроведе масовна акција за чистење на дивите депонии, речните корита, парковите и останатите зелени површини во градот и населените места.
Во соработка со организаторот МЕН ЕНД МАУНТЕН ДОО, досега беше спроведена урбана акција за сеење на дрва во градот и населените места, а главната акција ќе биде спроведена во деновите 12.05.2023 год. – Петок и 13.05.2023 год. Сабота.
Повеќе информации ќе следуваат во текот на наредните недели.