ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на градежни парцели 2.21 и 2.22, со намена А1–Домување во куќи по ДУП за дел УБ 28 – Општина Радовиш (одлука бр.07-924/3 од 05.10.2004)
До: Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД , инвеститор: Левтерка Маркова од Радовиш
Предмет: ПОТВРДА за заверка на одобрен урбанистички проект
Врска: Наш брoj 26-197/1 од 03.02.2025 година, постапка бр. 67998
Почитувани,
Градоначалникот на Општина Радовиш, ја разгледа доставената дoкументација со барањето за заверка на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на градежни парцели 2.21 и 2.22, со намена А1–Домување во куќи по ДУП за дел УБ 28 – Општина Радовиш (одлука бр.07-924/3 од 05.10.2004) изработен од ДГТИ Доминг ЈТД Радовиш, со тех.број 094/2024-У од 04.2025 год., со површина на плански опфат на градежна парцела од 506 m2.
Врз основа на член 63 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), ја издава следната:
П О Т В Р Д А
Се издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на градежни парцели 2.21 и 2.22, со намена А1–Домување во куќи по ДУП за дел УБ 28 – Општина Радовиш (одлука бр.07-924/3 од 05.10.2004) изработен од ДГТИ Доминг ЈТД Радовиш, со тех.број 094/2024-У од 04.2025 год., со површина на плански опфат на градежна парцела од 506 m2.
О б р а з л о ж е н и е
Нарачателот Левтерка Маркова со адреса на ул.„Партизанска“ бр.51 Радовиш со Полномошно бр.УЗП 8606/2024 од 26.08.2024 година дадено на Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД со седиште на ул.„Илија Алексов“ бб Радовиш и управител Јован Костадинов, поднесе барање за издавање потврда за заверка на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на градежни парцели 2.21 и 2.22, со намена А1–Домување во куќи по ДУП за дел УБ 28 – Општина Радовиш (одлука бр.07-924/3 од 05.10.2004) изработен од ДГТИ Доминг ЈТД Радовиш, со тех.број 094/2024-У од 04.2025 година.
Одобрен е Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на градежни парцели 2.21 и 2.22, со намена А1–Домување во куќи по ДУП за дел УБ 28 – Општина Радовиш (одлука бр.07-924/3 од 05.10.2004) изработен од ДГТИ Доминг ЈТД Радовиш, со тех.број 094/2024-У од 04.2025 год., со површина на плански опфат на градежна парцела од 506 m2.
Доставена е следната документација:
– Полномошно од Лефтерка Маркова од Радовиш на “ДОМИНГ ЈТД” Радовиш потврдено од Нотар Васко Паскали од Охрид со бр. УЗП 8606/2024 од 26.08.2024 год.;
– Проектна Програма од инвеститор Лефтерка Маркова од Радовиш, изработена од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз- извоз “ДОМИНГ ЈТД ” Радовиш, со тех.бр. 094/2024-У од 01.2025 год.;
– Извод од ДУП за дел од УБ 28 (одлука бр. 07-924/3 од 05.10.2004) во Радовиш со бр.26-505/2 од 07.08.2024 год. за ГП 2.21 и бр.26-506/2 од 07.08.2024 год., за ГП 2.22, издаден од надлежен орган;
– Доказ за сопственост на Левтерка Маркова – имотен лист бр.81170 на КП бр. 2352/1 КО Радовиш;
– имотен лист бр. 2589 на КП бр. 2352/2 и КП бр. 2352/3 КО Радовиш, во Радовиш, сопственост на РСМ, издадени од АКН;
– Геодетски Елаборат за геодетски работи за посебни намени за Ажурирана геодетска подлога, КО Радовиш, изработен од ТДГР ГЕОДЕТ ДООЕЛ Радовиш, со бр. 08-231/4 од 07.08.2024 год.;
– Известување за електронска заверка на геодетски елаборат преку е-шалтер на АКН бр.1110-32/2024 од 08.08.2024 год.;
– Извештај за извршена Стручна Ревизија на – Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на градежни парцели 2.21 и 2.22, со намена А1–Домување во куќи по ДУП за дел УБ 28 – Општина Радовиш (одлука бр.07-924/3 од 05.10.2004), со тех.бр. 0901-177/25 од 04.2025 год., изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ експорт-импорт Скопје;
– Податоци, информации, мислење од:
ЈПДП Скопје; АД МЕПСО;
Македонски Телеком АД Скопје; А1 Македонија ДООЕЛ Скопје; Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје; НОМАГАС Скопје; Дирекција за заштита и спасување ПО Радовиш; ЈП Плаваја Радовиш; Mинистерство за култура – УЗКН.
- Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на градежни парцели 2.21 и 2.22, со намена А1–Домување во куќи по ДУП за дел УБ 28 – Општина Радовиш (одлука бр.07-924/3 од 05.10.2004), постапка бр. 67998, со тех.бр. 094/2024-У од 04.2025 год
– Записник бр.26-667/2 од 08.05.2025г.;
– Записник бр.26-197/4 од 08.05.2025г.;
– Позитивно мислење за УП бр.09-197/5 од 12.05.2025г.;
– Одлука за позитивно мислење бр.08-910/1 од 30.06.2025 година донесена од Совет на општина Радовиш.
Градоначалникот на општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирање издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект.
Изработил: Елена Стефановска д.п
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов