Градоначалникот Ацо Ристов вчера во Владата го потпиша договорот за користење на финансиски средства предвидени за капитални инфраструктурни проекти од областа на културата.
Договорот опфаќа „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа во мултифункционален центар со музејска поставка“ – со ова ќе се реши повеќе деценискиот проблем со старата Стоковна куќа која ќе прерасне во еден прекрасен мултифункционален објект – истакна Градоначалникот Ристов.
Премиерот Мицковски истакна дека: „Ова е клучното ветување до граѓаните кое е доказ за посветената работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани. Ова е историски најголемата инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици. До општините апелираше да изработуваат квалитетни проекти„.
Договорот беше потпишан од страна на Градоначалникот Ристов и Министерот Зоран Љутков.