Во употреба беше пуштена реконструираната чешма „Момина солза“ на Планината Плачковица, изградена од страна на Здружението „Цока Фунги“ и вештите раце на Марјан и Никола а преку претходно одобрен проект од страна на Советот на општина Радовиш.
Со цел подобрување на туристичката понуда на планината Плачковица преку нови традиционални мини излетнички места, се изврши ново партерно уредување на чешма – Момина солза, со користење на традиционални елементи поврзани со една од легендите на планината Плачковица









