Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.73364 од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, за одобрување Проектна програма за Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 101/25) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци со ЕМБС 4129105 и седиште на ул.„Народна Младина“ бр.3 Кавадарци со управител Трајче Грков, за инвеститор ЕЛС Општина Радовиш со седиште на бул.Александар Македонски бр.7 Радовиш, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023 год. го разгледа барањето за одобрување на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 0.21 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-991/2 од 15.07.2025г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 0.21 ха., констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 101/25).
Согласно горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 0.21 ха, со тех.бр.4072 од Јули 2025 год. изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: Елена Стефановска д.п
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов