Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.55233 од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ дооел Кавадарци, за одобрување Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) и пристапен пат, на КП 3573/1, КП 3573/2, дел од КП 3579/1 и дел од КП 3581, КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) и пристапен пат, на КП 3573/1, КП 3573/2, дел од КП 3579/1 и дел од КП 3581, КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ дооел Кавадарци со ЕМБС 6973000 и седиште на ул.„Ило Костов“ бр.31 Кавадарци со управител Даниел Лалков, за нарачател ДПТУ М – САН ЕНЕРГИЈА ДООЕЛ Скопје со управител Игор Ристески, за одобрување Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) и пристапен пат, на КП 3573/1, КП 3573/2, дел од КП 3579/1 и дел од КП 3581, КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 1,41 ха со технички број 88/23 од Септември 2023 година изработена од РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) и пристапен пат, на КП 3573/1, КП 3573/2, дел од КП 3579/1 и дел од КП 3581, КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 1,41 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-1408/2 од 02.10.2023г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) и пристапен пат, на КП 3573/1, КП 3573/2, дел од КП 3579/1 и дел од КП 3581, КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 1,41 ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) и пристапен пат, на КП 3573/1, КП 3573/2, дел од КП 3579/1 и дел од КП 3581, КО Радовиш-вгр, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 1,41 ха со технички број 88/23 од Септември 2023 година изработена од РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.