Општина РАДОВИШ
Бр. 09-1687/3
од 14.11.2022год.
Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето за одобрување Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото – напонски панели за производство на електрична енергија) кои се градат на земјиште на КП бр.1096, 1097, 1098, 1099 и 1100 КО Раклиш вон.г.р., Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 1,18 ха, во Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото – напонски панели за производство на електрична енергија) кои се градат на земјиште на КП бр.1096, 1097, 1098, 1099 и 1100 КО Раклиш вон.г.р., Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 1,18 ха, во Општина Радовиш.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото – напонски панели за производство на електрична енергија) кои се градат на земјиште на КП бр.1096, 1097, 1098, 1099 и 1100 КО Раклиш вон.г.р., Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 1,18 ха, во Општина Радовиш.
Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот со Решение бр.09-232/1 од 01.02.2022год. го разгледа барањето за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото – напонски панели за производство на електрична енергија) кои се градат на земјиште на КП бр.1096, 1097, 1098, 1099 и 1100 КО Раклиш вон.г.р., Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 1,18 ха, во Општина Радовиш. По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам констатира дека постапката може да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за КП бр. 1096, 1097, 1098, 1099 и 1100 КО Раклиш вон.г.р., констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото – напонски панели за производство на електрична енергија), со тех.бр. 368/22 од 11.2022год. изработен од ДУПИ ТЕКТОН ДООЕЛ Скопје.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областуредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: Елена Стефановска
Градоначалник Ацо Ристов