Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во е – урбанизам со постапка бр.54577 од Друштво за проектирање, градежништво, трговија и услуги УРБАН ПЛАННЕР ДООЕЛ, Гостивар за одобрување Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План за Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, на дел УБ 7, Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План за Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, на дел УБ 7, Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за проектирање, градежништво, трговија и услуги УРБАН ПЛАННЕР ДООЕЛ Гостивар со Лиценца за изработување на урбанистички план со важност до 20.05.2027г., со ЕМБС 7248504 и седиште на ул.„Иво Лола Рибар“ бр.8 Гостивар и управител Петрит Далипи, за одобрување Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План за Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, на дел УБ 7, Општина Радовиш со површина на опфат 8,00 ха.
-Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План за Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, на дел УБ 7, Општина Радовиш.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-1329/1 од 28.09.2023г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План за Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, на дел УБ 7, Општина Радовиш, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План за Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, на дел УБ 7, Општина Радовиш со тех.бр.017-ПП 2023 од Август 2023 год. изработен од ДПТУ УРБАН ПЛАННЕР ДООЕЛ, Гостивар.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областуредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов