По повод одбележување на формирањето на првиот партизански одред на планина Плачковица денес на спомен обележјето на Дедо Дане Трајков на планината Плачковица беше положено свежо цвеќе.
Воедно овој настан беше искористен и за свечено подигање на државното и општинското знаме на ново поставените јарболи во склоп на спомен обележјето, кои се поставија во соработка со општинската организација на Сојузот на борците на општина Радовиш и Општина Радовиш.









