СООПШТЕНИЕ
За организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета за
ДУП УБ 8-дел и УБ 9-дел (плански период 2022-2027),
Нацрт план, КО Радовиш, Општина Радовиш
Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РМ“ бр. 32/20 и 111/23), член 50 точка 3 од Законот за локална самоуправа („Сл. в. на РМ“ бр.5/02), Градоначлникот на Општина Радовиш ги известува:
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Општина Радовиш организира повторна Јавна презентација и Јавна анкета за Нацрт – Детален урбанистички план УБ 8-дел и УБ 9-дел, со тех.бр. 02/2022 од Јуни 2024г., изработен од ИН-ПУМА Институт за урбанизам, сообраќај и екологија, Скопје.
Граници на планскиот опфат е
– на Источната страна се движи по осовината на Сервисна улица „Д-р Андон Кочев“,
потоа продолжува по осовина на Станбената улица „Миле Кукатанов“,
– на Јужната страна ја пресекува КП 3928/3, потоа се движи по јужната страна на КП
3927/1, КП 3927/4, КП 3909/6, КП 3909/5, КП 3909/4, КП 3909/3, КП 3909/2, КП 3909/1,
КП 3908/1, КП 3908/9, КП 3908/12,потоа ја пресекува КП 3933/1, потоа повторно се движи по јужната граница на КП 3933/3, потоа ја пресекува КП 3933/2, потоа продолжува по јужните граници на КП 3935/1, КП 3936/1, КП 3937/4, КП 3937/1, КП 3937/3, КП 3938/1 , продолжува по Источната граница на КП 3939/3 , КП 3939/4, КП 3940/1 потоа продолжува по осовина на постоечкиот канал на наводнување
– На Северо-Западна страна се движи по осовина на Бул.Александар Македонски.
Повторна Јавна анкета за Нацрт – Детален урбанистички план УБ 8-дел и УБ 9-дел, со тех.бр. 02/2022 од Јуни 2024г., изработен од ИН-ПУМА Институт за урбанизам, сообраќај и екологија, Скопје, ќе се спроведува преку информацискиот систем на е – урбанизам (https://www.e-urbanizam.mk/),се објавува на официјалната страна на Општина Радовиш (https://radovis.gov.mk/ ), огласна табла на Општина Радовиш и преку соопштенија во подрачјето на планскиот опфат.
Површината која ја опфаќа опишаната граница на прелиминарниот плански опфат изнесува 14.00 ха.
Јавната анкета ќе трае 30 дена од денот на објавувањето на Соопштението и истиот ке трае од 24.07.2024г. до 22.08.2024г, а јавната презентација со стручно презентирање ќе се одржи на ден 30.07.2024г. во 11:00 часот во простории на 1-ви КАТ во Мала сала на Општина Радовиш. Во споменатиот рок, можат да се доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во писмена и електронска форма преку информатички систем на е – урбанизам.
Марија Илиева
Надица Пранговска
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов