Заедно со менаџерскиот тим на рудниците Бучим и Боров Дол, денес остваривме состанок со жители од населеното место Тополница.
Повод за состанокот беше надминувањето на проблемите кои ги имаат овие жители во врска со водоснабдувањето, собирањето на сметот и други инфраструктурни зафати.
Проблемите мора да се решаваат системски и организирано во соработка со месното население.