Дел. Бр. 34-536/3
14.03. 2023 год.
Врз основа на Оперативниот план на Влада за 2023 година, Одлуката за усвојување на Програмата за активноси на општина Радовиш од областа на социјалата,детската и здравствената заштита за 2023 воопштинскиот буџет бр: 08-1921/2 од 20.12.2022 год.,Решение за прогласување и објавување на Одлуката заусвојување на Програмата за активноси на општина Радовиш од областа на социјалата,детската и здравствената заштита за 2023 воопштинскиот буџет бр: 09-1921/3 од 27.12.2022 год.Одлука за објавување на јавен оглас за ангажирање на работници за изведување на јавни работи во рок од 12 месеци на Општина Радовиш број:09-536/2,од 14.03.2023 годинасе објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за ангажирање на 6 работници за изведување на јавни работи во рок од 12 месеци.
Услови за пријавување:
а) долгорочно евидентирани невработени лица
б) ниско квалификувани невработени лица
в) лица над 55 години
- за лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани е предвидена финансиска подршка во износ од 000,оо денари месечно (во кои е вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување) по едно ангажирано невработено лице месечно.
- За време на јавните работи ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
- Пријавувањето ќе се врши во просториите на Општина Радовиш во Архива од 15.03.2023а најдоцна до203.2023 година, секој ден од 7,30 часот до 15,30 часот.
- Заинтересираните лица можат да подигнат формулар за пријавување во просториите на Општина Радовиш во Архива од 15.03.2023 а најдоцна до 203.2023 година, секој ден од 7,30 часот до 15,30 часот.
- Со секое од избраните лица, по извршениот избор, Општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 12 месеци и тоа од 01.04.2023год. до 01.04.2024 год.
Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:
- Одржување на градските и руралните паркови;
- Одржување и чистење на објектите и нивната околина кои се во сопственост на ЕЛС Општина Радовиш;
- Одржување и чистење на радовишка река;
- Зелените површини покрај стамбените згради;
- Зелените површини на бул.Александар Македонски;
- Чистење на локалните патишта и улици (на ниво на општина);
- Чистење на канафки и канали (на ниво на општина);
- Обележување на локалните патишта и улици со хоризонтална и вертикална сигнализација (на ниво на општина);
Комисија за јавни работи