Врз основа на Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020), и Одлуката за распишување на Јавен повик за формирање на Локален младински совет, Локалното собрание на млади распишува Јавен повик за :
ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ВО ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:
-Да имаат активности на територијата на Општина Радовиш.
-Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик.
-Да се жители на Општина Радовиш и
– Да се на возраст од 15 до 29 години
Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги поднесат предлозите во Архивата на Општина Радовиш на адреса: Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш.
Рокот за пријавување е од 18.03.2026 год. до 23.03.2026 год
Собранието на млади избира членови на локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади..
За повеќе информации околку повикот може да се обратите на следните контакти :
079 262 535, s.eftimova@radovis.gov.mk
18.03.2026 год., Радовиш
Локално собрание на млади






