Врз основа на член 20, 21 и 22 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр.05/02), член 14, 15 и 43 од Статутот на Општина Радовиш („Службен гласник на Општина Радовиш „ бр. 07-765/1, 15.10.2002), Правиликот бр.09-696/1 од 27.05.2024 година донесен од страна Советот на Општина Радовиш, Програмата за Локален економски развој за 2024 година бр.09-90/14 од 29.01.2024 година на Општина Радовиш и Решение бр.09-814/1 од 19.06.2024 година издадено од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш за формирање на комисија за спроведување на постапка за добивање на субвенција на млади лица – жители на општина Радовиш, за полагање на возачки испит од Б категорија, Градоначалникот на општина Радовиш објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За користење на финансиски средства од буџетот на Општина Радовиш за 2024 година, за добивање на субвенција на млади лица – жители на општина Радовиш, за полагање на возачки испит од Б категорија, согласно Програмата за Локален Економски Развој, Општина Радовиш за 2024 година.
Содржина на јавниот повик
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година ќе се доделуваат на корисниците, баратели кои се редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш или се невработени млади лица до 26 годишна возраст.
На барателот/физичкото лице што ги исполнува критериумите на овој јавен повик ќе му се надоместат дел од трошоците направени за полагањето на возачки испит при стекнување на возачка дозвола од Б категорија во висина од 8.000,00 денари. Средствата по барањето ќе се исплатат по доставување на доказ за положен возачки испит – добиена возачка дозвола од Б категорија до комисијата во Општина Радовиш. Доколку барателот не го положи возачкиот испит во тековната година по поднесеното барање најдоцна до 1 Декември и не поднесе доказ за положен возачки испит најдоцна до 1 Декември во тековната година, го губи правото на субвенционирање и предвидените средства нема да му бидат исплатени.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.
Право на поднесување на барање
Право на користење на финансиски средства имаат физичките лица редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш и/или невработени млади лица до 26 годишна возраст кои ќе поднесат барање со потребната документација од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот.
Критериуми за физичките лица кои ќе поднесат барање на овој повик се:
Да се жители на Општина Радовиш со постојано престојувалиште во Општина Радовиш;
Да се редовни редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш или да се невработени млади лица до 26 годишна возраст.;
Потребна документација:
Барање за субвенција (барањето со изјавата може да се подигнат во архивата на општина Радовиш или на веб страната на Општина Радовиш);
Фотокопија од важечка лична карта на барателот или на еден од родителите, како доказ дека е жител на Општина Радовиш;
Фотокопија од трансакциска сметка на барателот или еден од родителите;
Потврда од автошкола, за упис на кандидат за возач на возило;
Потврда издадена од Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Отсек за управни работи, издадена врз основа на евиденција за живеалиште, престојувалиште и лични карти дека барателот / родителите имаат пријавено адреса на живеење на територија на Општина Радовиш и дека истите немаат пријавено престој надвор од Р.С.Македонија;
Потврда за редовен/вонреден ученик од I до III или IV година, издадена од СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш или Потврда за невработеност од АВРМ Радовиш.
Изјава за користење на лични податоци;
Поднесување на барањето:
Барањето со пропратната документација треба да биде доставено во затворен плик.
Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од објавувањето на јавниот повик сметано од 28.06.2024 година а заклучно до 28.07.2024 година, секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично до архива на адреса:
Општина Радовиш, Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш
На пликот во горниот лев агол треба да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за полагање на возачки испит Б категорија.“
Напомена: Пријавите пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Физичките лица/Барателите ќе бидат известени за резултатите во рок од 15 дена од денот на донесување на Решението за субвенционирање на физички лица-жители на општина Радовиш за полагање на возачки испит Б категорија.
Лица за контакт:
Лазар Газепов, Борче Панов и Сашка Манева Арсова.
Комисија за спроведување на постапка