Сектор за урбанизам, комунални работи,
заштита на животна средина и ЛЕР
До
ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје
ПРЕДМЕТ: Известување
Не се прифаќа Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела комплекс Јака со намена Г.2 индустриски згради од лесна незагадувачка индустрија на КП 4589/1, 4590, 4591, 4592, 4593, 4595, 4589/2 и 4589/3 КО Радовиш, општина Радовиш.
Почитувани,
Во врска со ова, ве известуваме дека Комисијата го разгледа барањето за одобрување на проектна програма и приложената документација и констатира дека истата не се одобрува.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр. 09 – 232/1 од 01.02.2022 год. по разгледување на приложената документација во е-урбанизам со бр. на постапка 49064, констатира дека Проектна Програма не е успгласена со Законот за урбанистичко планирање сл.вес.бр. 32/20, согласно: член 63, став 5; член 24, став 8 и Правилнкот за урбанистичко планирање бр.225/20, согласно: член 51, став 1, став 4 точка 6; член 52, став 1, 2, 3, 4, 5; член 57, став 2, 4.
Проектна Програма на Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела комплекс Јака со намена Г.2 индустриски згради од лесна незагадувачка индустрија на КП 4589/1, 4590, 4591, 4592, 4593, 4595, 4589/2 и 4589/3 КО Радовиш, општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 9,51ха, Доставената документација за Комплексот Јака нема можност да се прифати – одобри, се прекинува и комплексот треба да се разработи на ниво на ДУП.
Со почит,
Комисија:
Претседател на комисија: Сузана Ѓоргиева д.и.а. Членови на комисија: Надица Пранговска д.и.а Љупче Евтимов д.и.а.
Општина Радовиш
Градоначалник Aцо Ристов