Со зафаќањето и уредувањето на суводолицата (поројот), кој при интензивни врнежи од дожд претставуваше сериозен ризик, се решава еден од најдолготрајните инфраструктурни предизвици во селото.
Градежните активности се во завршна фаза и опфаќаат делница во должина од 156 метри. Во наредната фаза е предвидено започнување со изградба на улица по трасата на поројот, во должина од 640 метри.
Со оваа инвестиција значително се подобрува безбедноста, се намалува ризикот од поплави и се создаваат услови за поквалитетен живот за жителите на Воиславци.










