Градоначалникот Љупче Почивалец заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалниците од Југоисточниот плански регион, денеска во Струмица присуствуваа на презентацијата и официјалното отпочнување на проектот „Зелено за добро“, кој е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички преку ИПА програмата за прекугранична соработка „Грција – Македонија 2021–2027“.
Општина Радовиш преку овој проект ќе добие:
-
фотоволтаичен систем од 40 kW на основното училиште „Никола Карев“,
-
зелена урбана градина,
-
еден полнач за електрични возила, кој ќе биде интегриран во фотоволтаичниот систем.
Градоначалникот Љупче Почивалец на настанот изрази благодарност до министерот за локална самоуправа и до Југоисточниот плански регион, кои заедно со сите општини од регионот, вклучително и Општина Радовиш, активно учествуваат во реализацијата на овој значаен прекуграничен проект.
Со ваквите инвестиции, Радовиш прави конкретен чекор кон енергетска ефикасност, заштита на животната средина и одржлив локален развој.













