Во рамки на проектот ADAPT 2.0 – Nature-based Solutions for Climate Change Mitigation and Adaptation in the Western Balkans градоначалникот на општината Љупче Почивалец, денеска во просторите на општина Радовиш одржа иницијален состанок со директорот на Управата за животна средина Игор Никоски, раководителот на Сектор природа Влатко Трпески при Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија (МЖСПП) и претставник на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).
Реализацијата на ADAPT 2.0 претставува значајна можност за Општина Радовиш, бидејќи проектот може да придонесе кон: подобрување на управувањето со природните ресурси и водните текови, зголемување на отпорноста на локалната заедница на климатски ризици, заштита и обновување на локалните екосистеми и зачувување и унапредување на биодиверзитетот во поширокото подрачје.
Неговата главна цел е да ја унапреди примената на решенија базирани на природата (Nature-based Solutions – NbS) за справување со климатските промени, намалување на ризиците од природни непогоди и зајакнување на отпорноста на локалните заедници и екосистеми во Западен Балкан.









